Kalliri Mirësisë
  • Joakim Kërçovski PN
  • +02311 2629
  • E Hënë - E Premte:  9:00  -  16:00

Хуманитарната Организација Калири и Миресисе објавува ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ за јавна набавка на неколку моторизирани возила – половни во исправна состојба или нови

Хуманитарна Организација Калири и Миресисе
17.06.2023. година

Хуманитарната Организација Калири и Миресисе, врз основа на проектот „Интегриран пристап за одржив развој на општина Арачиново 2023-2026„, за отпочнување на јавна набавка на неколку моторизирани возила, ХО Калири и Миресисе го објавува следниот:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ

во постапката на јавна набавка од мала вредност
на неколку моторизирани возила – половни во исправна состојба или нови

1. Нарачател: Хуманитарна Организација Калири и Миресисе, Самоилова 78, 1000, Скопје
2. Вид на Нарачател: Здружение на граѓани – Хуманитарна Организација
3. Вид на постапка на јавната набавка: Јавна набавка од мала вредност
4. Вид на предмет: Општи добра
5. Предмет на јавната набавка е набавка на следните моторизирани возила (подетален опис следи за секоја точка детално во понатамошниот текст):

А) Камион са собирање на смет (голем), (Количина 1 – еден),
– Еуро 5 или понов,
– Година на производство: Да не биде постар од 2013 година,
– Капацитет на товар: Минимум 20 цм3,
– Километража: Не поголема од 140,000 км,
– Сила на мотор: Минимум 300 кс,
– Да биде нов или ако е половен, што подобро сочуван.

Б) Камион са собирање на смет (мал), (Количина 1 – еден),
– Еуро 5 или понов,
– Година на производство: Да не биде постар од 2013 година,
– Капацитет на товар: Минимум 12 цм3,
– Километража: Не поголема од 140,000 км,
– Сила на мотор: Минимум 200 кс,
– Да биде нов или ако е половен, што подобро сочуван.

В) Камион цистерна (голем) за вода за пиење, перење и прскање улици, (Количина 1 – еден),
– Еуро 5 или понов,
– Година на производство: Да не биде постар од 2015 година,
– Капацитет на товар: Минимум 10 цм3,
– Километража: Не поголема од 200,000 км,
– Сила на мотор: Минимум 400 кс,
– Да биде нов или ако е половен, што подобро сочуван.

Г) Багер за организирање на депонија, чистење снег и други потреби, (Количина 1 – еден),
– Еуро стаге 2 или понов,
– Година на производство: Да не биде постар од 2017 година,
– Мотор: Над 90 кс и над 65 кв,
– Корпа: Повеќенаменска, со заби, со отварање, со вилушки, пикамер за кршење, нож за чистење снег и задни корпи,
– Погон на сите 4 тркала,
– Телескопска ровокопачка гранка.
– Да биде нов или ако е половен, што подобро сочуван.

Сите возила може да бидат половни, но во исправна состојба или нови.

6. Критериум за избор на најповолната понуда е критериум на најниско понудена цена.

7. Начин на поднесување на понуда: Понудите, составени во склад со упатствата во понатамошниот текст, треба да се поднесат во затворени пликоа непосредно или препорачано по пат на пошта, на следната адреса:
ул. Самоилова 78, 1000, Скопје, со назнака:
“ПОНУДА ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА МОТОРИЗИРАНИ ВОЗИЛА – ДА НЕ СЕ ОТВАРА”,
а на задната страна да се напише: назив на понудувачот, точна адреса, име на лице за контакт, како и број на телефон. Форматот на понудата може да биде по желба на Понудувачот.

8. Рок за поднесување на понудите.
Понудите мора да стигнат на адреса на Нарачателот најдоцна до 05.07.2023. година до 12,00 часот без обзир на начинот на доставувањето. Понудите кои ќе стигнат кај Нарачателот по истекот на овој рок, ќе се сметаат за неблаговремени, нема да се разгледуваат и по завршување на постапката на отварање на понудите, неотворени ќе бидат вратени до понудувачите.

9. Отварањето и проценката на понудите ќе биде одржано на ден 05.07.2023. годинa во 14,00 часот во просториите на Нарачателот на наведената адреса.

10. Право на учество во постапката имаат понудувачи регистрирани за обавување на предметни активности кои ги пополнуваат условите од конкурсната документација.

11. Одлука за избор на најповолната понуда, Нарачателот ќе донесе во рамковен рок од 10 дена од денот на јавното отварање на понудите.

12. Важноста на понудите е најмалку 60 дена од денот на отварање на понудите.
Понуда со варијанти е дозволена – те. понудувачот може да поднесе повеќе од една или само една понуда.

13. Нарачителот го задржува правото да, во случај на изменети објективни околности кои ќе настапат независно од волјата на Нарачателот, се откаже од набавка на предметните добра.

14. Контакт: Телефон: 023 112 629, Емаил: info@kalliri.org
Комуникација преку електронска пошта се одвива на начин, што сета пошта и документација која пристигнала во работното време на Нарачателот, од 7,00 до 15,00 часот се смета дека е примена на тој ден, додека поштата пристигната по истекот на работното време се смета за примена наредниот ден. Работното време на Нарачателот е од 9,00 часот до 16,00 часот од понеденик до петок. Нарачателот не работи во деновите кои се одредени како државни празници.
Барање за заштита на правата на понудувачот не може да се упати преку средства на електронска комуникација, Понудувачот може барање за заштита на правата на понудувачот да предаде лично кај нарачателот или да испрати преку пошта.

Уред за јавни набавки
Хуманитарна Организација Калири и Миресисе

kallirio

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *