Kalliri Mirësisë
  • Joakim Kërçovski PN
  • +02311 2629
  • E Hënë - E Premte:  9:00  -  16:00

Хуманитарна Организација КАЛИРИ И МИРЕСИСЕ Јавен повик за набавка на: КИСЛОРОДНИ КОНЦЕНТРАТОРИ

Контакт детаљи

Адреса:     Самоилова, 78 – 1000, Скопје
Лице за контакт:  Канцеларија за набавки – ХО Калири и Миресисе Телефон:     02 3112 629
Е-маил:     kallirimiresise@gmail.com Е-маил:     info@kalliri.org

 

Опис

Хуманитарната Организација Калири и Миресисе, објавува јавен повик за снабдевање на Кислородни концентратори како дел од реализација на Ковид проектот, преку кој се цели набавка на горе наведените производи и нивно дистрибуирање на јавни здраствени институции.

Наведениот проект е од хуманитарен карактер и неговата реализација ќе биде во склад со претходно одредени основи и критериуми од страна на ХО Калири и Миресисе.

За овој дел на проектот, потребен ни е следниот производ:

КИСЛОРОДЕН КОНЦЕНТРАТОР (150 парчиња) со следните спецификации:

– Кислороден концентратор наменет за болници кои се состои од воздушен компресор, сензор и мерач на проток од максимум 5L/min.

– Да поседува LCD екран, како и вграден инхалатор, навлашнувач и функција на мерење на сатурација на кислород во крвта и срцев пулс.

– Мерење и прикажување на SpO2 (во ранг од 0-100%) и пулс (во ранг од 30-250bpm).

– Излезен притисок од 20-50kPa.

– Ниво на бучава од максимум 55dB.

– Да поседува минимум аларми за висока температура, низок проток, заштита од висок/низок притисок, прекин на струја, како и приказ на статус на концентратор.

– Индикатор за одстранета SpO2 сонда.

– Физички карактеристики: максимум 508x260x530mm (должина x ширина x висина), максимална тежина од 21кг.

– Понудувачот да достави сертификат за квалитет ISO 9001:2015 и сертификат за животна средина ISO 140001:2015

 

 

Концентраторите ќе бидат доделени на јавни здравствени установи.

Вашите понуди треба да бидат испратени во затворено плико со наслов: “Понуда за снабдевање – Кислородни Концентратори 2022 – Х.О. Калири и Миресисе”, и да ги доставите на ул. Самоилова, 78 – 1000 Скопје. Претпочитаме испратените производи да бидат пропратени со спецификации и слики.

Понудите треба да се достават не подоцна од 05/07/2022 во 12:00 часот. Секоја понуда која ќе биде доставена по ова време, ќе се смета за задоцнета и нема да се земе во предвид за разгледување.

 

Хуманитарната Организација Калири и Миресисе има нула толеранција кон било кое прекршување на процедури како што се:

  • Политика против Мито и Корупција,
  • Код на однесување,
  • Почитување и Заштита на Ранливите Лица (Корисници) на Калири и Миресисе.

 

За било какво дополнително објаснување или прашање, ве молиме да не контактирате преку горе наведените емаил или телефон.

 

Канцеларија за набавки

ХО Калири и Миресисе

28/06/2022

Скопје, РСМ

kallirio

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *