Kalliri i Mirësisë

ЈАВЕН ПОВИК за набавка на: Дрва за огрев и Прехрамбени пакети

Хуманитарна организација КАЛИРИ И МИРЕСИСЕ

ЈАВЕН ПОВИК за набавка на: Дрва за огрев и Прехрамбени пакети

 

Контакт детали:

Адреса: Самоилова 78 – 1000, Скопје
Контакт лице: Канцеларија за набавки – ХО Калири и Миресисе Телефон: 02 3112 629
Емаил: info@kalliri.org  

 

Опис:

Хуманитарната организација Калири и Миресисе објавува јавен повик за набавка на дрва за огрев и прехрамбени пакети, како дел од имплементацијата на зимскиот проект 2026/2027. Целта на проектот е набавка на наведените артикли и нивна распределба на семејствата на сираците, сиромашните и лицата во потреба.

Проектот е од хуманитарен карактер, а неговата реализација ќе се спроведува врз основа на претходно дефинирани критериуми и правила на ХО Калири и Миресисе.

Проектот опфаќа два (2) вида производи:

Бр Производ / Опис Количина
1 ДРВА ЗА ОГРЕВ – ДАБ или БУКА (во м³)

Потребна количина: 165 м³, со можност за зголемување

165 m3
2 ПРЕХРАМБЕН ПАКЕТ – Содржина на пакет:

Брашно – 25кг, Зејтин – 6Л, Ориз – 5.4кг, Макарони – 2кг, Супа – 10 пакувања (0.4кг), Млеко – 5Л, Вегета – 0.9кг, Грав – 1.8кг, Урми – 1кг, Сирење – 2кг, Шеќер – 5.4кг

 

58 пакети

 

Поради разновидната природа на горенаведените производи, кандидатите кои ќе аплицираат треба тоа да го сторат одделно (само за еден од производите, но доколку поседуваат повеќе, може да аплицираат и за сите или за некои од нив). За подетални информации околу аплицирањето, заинтересираните може да се информираат преку веб-страницата или Фејсбук страницата на организацијата Калири и Миресисе.

Дрвата за огрев и прехрамбените пакети ќе бидат распределени на семејства на сираци и лица во потреба во Република Северна Македонија, според критериуми однапред утврдени од Комисијата за набавки на ХО Калири и Миресисе.

Вашите понуди треба да ги доставите во затворен плик со наслов: „Понуда за набавка – Зимски проект 2026–2027 – ХО Калири и Миресисе“, на адреса: Самоилова 78 – 1000 Скопје.
Пожелно е понудите да содржат спецификации и фотографии од артиклите.

Понудите треба да се достават најдоцна до 13.11.2026 во 12:00 часот.
Секоја понуда доставена по овој рок ќе се смета за задоцнета и нема да биде разгледана.

Хуманитарната организација Калири и Миресисе применува нула толеранција кон какво било прекршување на процедурите, вклучувајќи:

  • Политика против мито и корупција,
  • Кодекс на однесување,
  • Почитување и заштита на ранливите групи (корисниците) на Калири и Миресисе.

За сите нејаснотии или прашања, ве молиме контактирајте нè преку е-пошта или телефон, наведени погоре.

 

Канцеларија за набавки
ХО Калири и Миресисе
30/10/2026
Скопје, РСМ

 

kallirio