Kalliri i Mirësisë

Јавен повик за: Обука за претприемништво и надворешни деловни консултации

Хуманитарна Организација КАЛИРИ И МИРЕСИСЕ, објавува јавен повик за:

Обука за претприемништво и надворешни деловни консултации

 

Контакт детали

Адреса:     Самоилова, 78 – 1000, Скопје
Контакт лице:   Уред за набавки – ХО Калири и Миресисе Телефон:     02 3112 629
Емаил:     info@kalliri.org

 

Опис

Хуманитарната организација Калири и Миресисе го спроведува проектот „Youth ICT and Start-up Hub North Macedonia“, во чии рамки 30 учесници успешно ја завршија првата фаза – професионална обука во областа на CCNA/CCNP и Full Stack.

За реализација на следната фаза, ХО Калири и Миресисе повикува регистрирани компании и организации да достават понуда за целосен пакет услуги за обука за претприемништво и надворешни деловни консултации за сите 30 учесници.

 

Предмет и опфат на услугата

Вашите понуди треба да бидат испратени во затворено плико со наслов: „Понуда за реновирање на ЈЗУ Дом на Здравје Арачиново – Калири и Миресисе„ и да се достават лично на ул. Самоилова, 78 – 1000, Скопје. Отворена е можноста понудите исто така да бидат испратени и преку емаил адреса.

1 – Дводневна обука за претприемништво. Практична обука за основање и управување со бизнис, развој на бизнис и маркетинг план, основно книговодство, деловно работење, пристап до државни и донаторски програми и подготовка за започнување сопствен бизнис.

2 – Еднодневни надворешни деловни консултации. Практично советување за сите 30 учесници за разработка на деловната идеја, избор на правна форма, регистрација на бизнис, почетни административни и финансиски обврски и конкретни следни чекори.

Понудувачот треба да обезбеди една целосна, организациски подготвена услуга за вкупно три дена. Активностите ќе се одржат во хотел или соодветен конференциски објект во Скопје, во термини договорени со избраниот понудувач.

 

Пакетот задолжително треба да вклучува

  • ангажман на квалификуван обучувач и деловен консултант, со подготовка и реализација на програмата;
  • хотелска или конференциска сала со соодветна опрема, интернет, проектор, озвучување и техничка поддршка;
  • освежување и ручек за 30 учесници и ангажираниот тим во текот на сите три дена;
  • материјали за работа, агенда, листи на присуство, евалуација, сертификати и краток завршен извештај;
  • сите трошоци за организација, превоз и/или сместување на ангажираните експерти, даноци и други поврзани трошоци.

 

Услови и критериуми за избор

  • понудувачот да е регистрирано физичко лице или правно лице со релевантно искуство во претприемништво, деловен развој или консултантски услуги;
  • предложените експерти да имаат соодветно образование и практично искуство во обука и советување за започнување бизнис;
  • понудата да содржи кратка методологија и агенда, профили на експертите, референтна листа и јасна финансиска понуда;
  • изборот ќе се направи според најдобар однос меѓу квалитетот на предложената програма и тим, организацијата на пакетот и вкупната цена.

 

Финансиска понуда

Финансиската понуда треба да биде прикажана одделно за двете буџетски линии и како вкупна цена за целиот пакет, со вклучен ДДВ и сите други трошоци.

 

Начин и рок за доставување на понудите

Понудите се доставуваат во затворен плик со назнака: „Понуда за обука за претприемништво и деловни консултации – Калири и Миресисе“ лично на ул. Самоилова 78, 1000 Скопје, или електронски на info@kalliri.org

Краен рок за доставување: 24/09/2026 година до 12:00 часот. Понудите доставени по рокот нема да бидат разгледувани.

 

Политики и етички стандарди

ХО Калири и Миресисе има нулта толеранција за прекршување на политиката против измама, мито и корупција, Кодексот на однесување и правилата за почитување и заштита на ранливите групи. Избраниот понудувач ќе биде должен да ги почитува овие стандарди во текот на целиот ангажман.

 

 

Уред за Информирање

ХО Калири и Миресисе

14/09/2026

Скопје – Северна Македонија

kallirio