Kalliri i Mirësisë

Јавен повик за снабдување на: Прехрамбени производи за проектот РАМАЗАН 2026

 

Хуманитарната Организација КАЛИРИ И МИРЕСИСЕ објавува јавен повик за снабдување на:

Прехрамбени производи за проектот РАМАЗАН 2026

 

Контакт детаљи

         Адреса:     Самоилова, 78 – 1000, Скопје
        Лице за контакт:   Уред за набавки – ХО Калири и Миресисе
Е      E-маил:     info@kalliri.org          Телефон:     02 3112 629

 

Опис

Во рамките на сезонските проекти, Х.О. Калири и Миресисе објавува јавен повик за снабдување на Рамазански пакети, како дел на реализација на проектот “РАМАЗАН 2026”. Секој Рамазански пакет (предвидени се вкупно 1,025 пакети со можност за зголемување) треба да ги содржи производите наведени во следната табела:

 

Бр Производ Количина во еден пакет
1 Брашно 25 кг
2 Зејтин 6 Л
3 Шеќер 5.4 кг
4 Ориз 5.4 кг
5 Макарони 2 кг
6 Супа (40 гр) 10 пакувања
7 Млеко 4 Л
8 Вегета 0.9 кг
9 Сирење 2 кг
10 Грав 1.8 кг
11 Урми 1.2 кг

 

Се бара од компаниите заинтересирани за оваа соработка да одредат дали во нивните понуди ќе бидат вклучени и следните услуги:
1. Поединечни и цени за целиот износ на производи;
2. Обезбедување на производите во бараната количина за време на дадениот рок и година на производството да не биде постара од 2025 година;
3. Транспорт на пакетите до одредени дестинации според координација со нашата организација;
4. Да изврши пакување  во картонски кутии (кои ќе бидат обезбедени од страна на Калири и Миресисе);
5. Да нуди даночна фактура;
6. Метода на плаќање да биде преку банка и по завршување на расподелба на пакетите;
7. Период на расподелба да не трае подолго од десет календарски дена.
* Многу е важно потеклото на производите, како и година на производство и рок на употреба. Ве молиме да со вашата понуда приложите и потекло на производите и извештаи околу анализите на квалитетот на производите.
             Вашите понуди треба да ги испратите/доставите во затворено плико со натпис: „Понуда за Прехрамбени производи – РАМАЗАН 2026 – Х.О. Калири и Миресисе„, и да бидат донесени на улица Самоилова, 78 – 1000, Скопје. Се прифаќа и можноста понудите да бидат испратени и преку е-маил.

Понудите треба да бидат предадени или испратени ан горенаведените адреса или е-маил, но не подоцна од ден 23/01/2026 во 12:00 часот. Секоја понуда која ќе пристигне по тоа време ќе се смета за задоцнета и нема да се земе в предвид од страна на уредот за набавки.

Х.О. Калири и Миресисе има нулта толеранција кон секое прекршување на процедури како што се:

– Политика против Мито и Корупција

– Кодекс на однесување

– Почитување и Заштита на ранливите групи (корисници) на Х.О. Калири и Миресисе

 

Уред за јавни односи

Х.О. Калири и Миресисе

09/01/2026

Скопје – Република Северна Македонија

kallirio