Хуманитарна организација КАЛИРИ И МИРЕСИСЕ
ЈАВЕН ПОВИК за набавка на: Дрва за огрев и Прехрамбени пакети
Контакт детали:
| Адреса: Самоилова 78 – 1000, Скопје | |
| Контакт лице: Канцеларија за набавки – ХО Калири и Миресисе | Телефон: 02 3112 629 |
| Емаил: info@kalliri.org | |
Опис:
Хуманитарната организација Калири и Миресисе објавува јавен повик за набавка на дрва за огрев и прехрамбени пакети, како дел од имплементацијата на зимскиот проект 2026/2027. Целта на проектот е набавка на наведените артикли и нивна распределба на семејствата на сираците, сиромашните и лицата во потреба.
Проектот е од хуманитарен карактер, а неговата реализација ќе се спроведува врз основа на претходно дефинирани критериуми и правила на ХО Калири и Миресисе.
Проектот опфаќа два (2) вида производи:
| Бр | Производ / Опис | Количина |
| 1 | ДРВА ЗА ОГРЕВ – ДАБ или БУКА (во м³)
Потребна количина: 165 м³, со можност за зголемување |
165 m3 |
| 2 | ПРЕХРАМБЕН ПАКЕТ – Содржина на пакет:
Брашно – 25кг, Зејтин – 6Л, Ориз – 5.4кг, Макарони – 2кг, Супа – 10 пакувања (0.4кг), Млеко – 5Л, Вегета – 0.9кг, Грав – 1.8кг, Урми – 1кг, Сирење – 2кг, Шеќер – 5.4кг |
58 пакети |
Поради разновидната природа на горенаведените производи, кандидатите кои ќе аплицираат треба тоа да го сторат одделно (само за еден од производите, но доколку поседуваат повеќе, може да аплицираат и за сите или за некои од нив). За подетални информации околу аплицирањето, заинтересираните може да се информираат преку веб-страницата или Фејсбук страницата на организацијата Калири и Миресисе.
Дрвата за огрев и прехрамбените пакети ќе бидат распределени на семејства на сираци и лица во потреба во Република Северна Македонија, според критериуми однапред утврдени од Комисијата за набавки на ХО Калири и Миресисе.
Вашите понуди треба да ги доставите во затворен плик со наслов: „Понуда за набавка – Зимски проект 2026–2027 – ХО Калири и Миресисе“, на адреса: Самоилова 78 – 1000 Скопје.
Пожелно е понудите да содржат спецификации и фотографии од артиклите.
Понудите треба да се достават најдоцна до 13.11.2026 во 12:00 часот.
Секоја понуда доставена по овој рок ќе се смета за задоцнета и нема да биде разгледана.
Хуманитарната организација Калири и Миресисе применува нула толеранција кон какво било прекршување на процедурите, вклучувајќи:
- Политика против мито и корупција,
- Кодекс на однесување,
- Почитување и заштита на ранливите групи (корисниците) на Калири и Миресисе.
За сите нејаснотии или прашања, ве молиме контактирајте нè преку е-пошта или телефон, наведени погоре.
Канцеларија за набавки
ХО Калири и Миресисе
30/10/2026
Скопје, РСМ
