Kalliri Mirësisë
  • Joakim Kërçovski PN
  • +02311 2629
  • E Hënë - E Premte:  9:00  -  16:00

Хуманитарната Организација КАЛИРИ И МИРЕСИСЕ Објавува јавен повик за понуди за проектот: КУРБАН БАЈРАМ 2024

Хуманитарната Организација КАЛИРИ И МИРЕСИСЕ

Објавува јавен повик за понуди за проектот: КУРБАН БАЈРАМ 2024

 

Контакт деталји

Адреса:     Самоилова, 78 – 1000, Скопје
Лице за контакт:     Уред за набавки ХО Калири и Миресисе
Е-маил:    info@kalliri.org Телефон:     02 3112 629

 

Опис

Како дел од сезонските активности, и оваа година ХО Калири и Миресисе објавува за набавка на говеда, како дел од имплементацијата на проектот  „КУРБАН 2024, преку кој имаме за цел откуп на горе наведената стока, нејзино колење, пакување и делење на семејства на сирачиња, сиромашни и социјално загрозени семејства кои се уведени во базата на податоци на нашата организација, за време на празникот Курбан Бајрам 2024.

 

Општи информации:

Стоката треба да биде погодна и да ги исполнува критериумите на курбан и да ја има адекватната возраст. Таа треба да биде здрава и во добра состојба, без оштетувања кои може да влијаат на количината и квалитетот на нејзиното месо и да биде цертифицирана.

Сето месо мора да биде 100% халал.

Кланицата и местото каде ќе се пакува месото непрекинато ќе биде надгледувано од страна на вработените на ХО Калири и Миресисе. Курбан Бајрам се очекува да биде на 17 Јуни 2024 година.

 

Спецификации:

Вид на животно: Крава/говедо

Тежина: Минимална тежина на живо животно e 350 килограми. Просечна нето тежина (месо) помеѓу 120-130 кг, со отстранета глава, нозе, кожа и внатрешни органи.

Старост: Минимум 2 години и максимум  4 ½ години.

Количина: 50 говеда/крави со пораст максимално до 10%-15%.

 

Се бара од заинтересираните кандидати да ги обезбедат следните работи во текот на целиот проект:

  1. Да обезбедат барана количина на стока,
  2. Да обезбедат кланица со сите хигиенско-санитарни услови и потребни капацитети, како и цертификат за исполнување на Халал стандарди за колење на животните,
  3. Да обезбедат транспорт со превозни средства со ладњачи до бараните дестинации,
  4. Да го пакуваат месото (1 пакет треба да содржи најмалку 5 кг месо),
  5. Да гарантираат ладни комори за чување месо најмалку во тек на една недела,
  6. Издавање на фискална сметка/фактура, поради плаќање преку банковен трансфер.

Сиот процес на колењето, подготовката и делењето  треба да биде според сите стандарди кои се дозволени и познати на законодавството на државата.

Вашите понуди може да бидат дадени во форматот кој е споделен на нашата веб страница или на Facebook, кои може да ги преземете тука: https://kalliri.org/wp-content/uploads/2024/04/Format-Oferte-MK.docx , и по пополнувањето да се стави во плик, да се затвори и запечати и испрати или достави на следната адреса: Самоилова, 78 – 1000, Скопје, или да се испрати на следниот е-маил: info@kalliri.org

ЗАБЕЛЕШКА: Во пликот треба да се достави понудата, копија на ЕМБС, и доколку поседувате, референци од претходни изведени исти или слични проекти.

Последен рок за достава на понуди е на ден 13.05.2024, во 12:00 часот.

Секоја понуда добиена по тоа време, нема да се земе предвид.

За било какви прашања, слободно обратете ни се на: +38923112629

    ХО Калири и Миресисе има нула толеранција кон секое кршење на следните процедури:

– Политика против мито и корупција

– Кодекс на однесување

– Почитување и заштита на ранливите групи (корисниците) на ХО Калири и Миресисе

 

 

Уред за информирање

ХО Калири и Миресисе

29/04/2024

СкопјеСеверна Македонија

kallirio

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *