Kalliri Mirësisë
  • Joakim Kërçovski PN
  • +02311 2629
  • E Hënë - E Premte:  9:00  -  16:00

Јавен повик за набавка на: Прехрамбени пакети за зимскиот проект 2023-2024

ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА КАЛИРИ И МИРЕСИСЕ
Јавен повик за набавка на:
Прехрамбени пакети за зимскиот проект 2023-2024

Контакт детаљи
Адреса: Самоилова 78 – Скопје
Лице за контакт: Уред за набавки – ХО Калири и Миресисе Телефон: 02 3112 629
Е-маил: kallirimiresise@gmail.com
Е-маил: info@kalliri.org

Опис
Хуманитарната Организација „Калири и Миресисе„, објавува јавен повик за набавка на прехрамбени пакети како дел од имплементацијата на зимскиот проект, преку кој имаме за цел набавка на долу наведените производи и нивна распределба на семејства на сирачиња, сиромашни и лица во потреба.
Наведениот проект е од хуманитарен карактер и неговото спроведување ќе биде во склад со основите и критериумите одредени од страна на ХО Калири и Миресисе.
Проектот ги опфаќа следните производи (содржина на пакетот):
• Брашно – 25 кг, * Зејтин – 6 Л, * Шеќер – 5.4 кг,
• Ориз – 5.4 кг, * Макарони – 2 кг, * Супа – 0.4 кг,
• Млеко – 5 Л, * Вегета – 0.9 кг, * Сирење – 2 кг,
• Грав – 1.8 кг, * Урми – 1 кг.
Вкупниот број на пакети кои се потребни за реализација на овој проект изнесува 637 прехрамбени пакети кои ќе ги содржат горенаведените прехрамбени производи.
Прехрамбените пакети ќе бидат распределени на семејства на сирачиња и лица во потреба во Скопје и околината, како и некои други градови на Република Северна Македонија.
Напомена: Плаќањето ќе биде извршено преку банковна сметка.
Вашите понуди ќе ги праќате во затворено плико со наслов: „Понуда за прехрамбени пакети, Зимски Проект 2023-2024 – ХО Калири и Миресисе„ на адреса: ул. Самоилова, 78 – Скопје. Препорачано е со понудите да бидат испратени и пакети со производите.
Повикот ќе биде отворен до 09/10/2023 во 12:00 часот. Секоја понуда која ќе пристигне по ова време, ќе се смета за задоцнета и како таква нема да биде земена в предвид.
Хуманитарната Организација „Калири и Миресисе има нулта толеранција кон секое прекршување на процедурите како што се:
– Политика против мито и корупција,
– Код на однесување,
– Почитување и заштита на ранливите групи (корисниците) на Калири и Миресисе.
Ве молиме за секоја неразјаснетост или прашање да не контактирате преку емаил или телефон кои се наведени во горе наведениот текст.

Уред за набавки
ХО Калири и Миресисе
20/09/2023
Скопје, РСМ

kallirio

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *