Kalliri Mirësisë
  • Joakim Kërçovski PN
  • +02311 2629
  • E Hënë - E Premte:  9:00  -  16:00

ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА КАЛИРИ И МИРЕСИСЕ Јавен повик за набавка на: Проширување на О.У. Наим Фрашери – с. Студеничани (УЧИЛИШНА ОПРЕМА)

ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА КАЛИРИ И МИРЕСИСЕ

Јавен повик за набавка на: Проширување на О.У. Наим Фрашери – с. Студеничани (УЧИЛИШНА ОПРЕМА)

 

Контакт детаљи

Лице за контактУред за набавкиХО Калири и Миресисе
Адреса:     Самоилова 78 – Скопје Телефон:     02 3112 629
Е-маил:     info@kalliri.org

 

Опис

Хуманитарната Организација „Калири и Миресисе„, објавува јавен повик за проект на проширување на основно училиште „Наим Фрашери„ во с. Студеничани, преку кој имаме за цел овозможување на подобри услови за учениците на ова школо.

Наведениот проект е од хуманитарен карактер и неговото спроведување ќе биде во склад со основите и критериумите одредени од страна на ХО Калири и Миресисе.

Проектот опфаќа снабдевање на следната школска опрема:

  • Училишна маса – 30 парчиња,
  • Училишно столче – 60 парчиња,
  • Катедра за наставници – 2 парчиња,
  • Столче за наставници – 2 парчиња и
  • Училишна табла – 2 парчиња.

Училниците кои ќе бидат изградени и снабдени со опрема ќе служат како јавно добро на општината Студеничани и сегашните генерации, како и идните генерации кои ќе ги користат.

Вашите понуди ќе ги праќате во затворено плико со наслов: „УЧИЛИШНА ОПРЕМА – проект за проширување на школото Наим Фрашери во с. Студеничани„ и истите да бидат ставени во плико и да се донесат на адреса: ул. Самоилова, 78 – Скопје.

Понудите треба да се достават најдоцна до 04/11/2022 во 12:00 часот. Секоја понуда која ќе пристигне по ова време, ќе се смета за задоцнета и како таква нема да биде земена в предвид.

Хуманитарната Организација „Калири и Миресисе има нулта толеранција кон секое прекршување на процедурите како што се:

  • Политика против мито и корупција,
  • Код на однесување,
  • Почитување и заштита на ранливите групи (корисниците) на Калири и Миресисе.

Ве молиме за секоја неразјаснетост или прашање да не контактирате преку емаил или телефон кои се наведени во горе наведениот текст.

 

Уред за набавки

ХО Калири и Миресисе

21/10/2022

Скопје, РСМ

kallirio

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *